Мане: Ако не се бранев со рака, сега ќе бев во болница! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Контроверзна ситуација се случи на почетокот на мечот меѓу Баерн Минхен и Интер кога сенегалскиот напаѓач Садио Мане играше со рака по ударот на Барела, по што судијата ја погледна ВАР-снимката и пресуди дека не е пенал.

Мане имаше контакт со топката која одеше директно во неговата глава, а гостите од Милано сметаат дека се оштетени затоа што судијата требало да покаже на белата точка.

„Ако не ги кренев моите раце, најверојатно ќе завршев во болница. Според мене, тоа не е пенал и судијата направи добра одлука“, вели Мане.

Сенегалскиот напаѓач ова лето си замина од Ливерпул, а интересно е тоа што во ждрепката токму „црвените“ се едни од можните противници на искусниот фудбалер.