Мане избран за најдобар фудбалер од Африка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сенегалскиот напаѓач од редовите на Баерн Минхен, Садио Мане е избран по вторпат во кариерата за најдобар африкански фудбалер.

Новиот напаѓач на Баерн ја доби наградата и пред три години, а овој пат ја заслужи наградата со одличните настапи во дресот на Ливерпул минатата сезона.

Мане, исто така, со Сенегал ја освои и титулата во Африка, која беше прва за неговата земја, а токму напаѓачот на Баерн го постигна последниот гол од пенал во финалето против Египет.

На втората позиција заврши напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, додека третото место му припадна на голманот на Челси, Едуард Менди.