Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане дефинитивно се сели во Баерн Минхен, откако со авион денеска слета во Германија и наскоро ќе биде претставен како големо засилување за шампионот.
Мане, по финалето во ЛШ и поразот од Реал Мадрид, на раководството на Ливерпул му соопштил дека сака да си замине по шест години, па веднаш се согласи на условите кои му ги понуди Баерн.
Баварците испратија неколку понуди до Ливерпул, а дури од трет обид успеаа да постигнат договор и се очекува трансферот да чини околу 35 милиони евра, а Сенегалецот ќе потпише тригодишен договор.
Мане за првпат ја облече опремата на Баерн, а фотографии на социјалните мрежи објави германскиот новинар Филип Кеслер.
#Mané im #FCBayern-Shirt. @mano_bonke pic.twitter.com/er6Vhe7FUk
— Philipp Kessler (@kessler_philipp) June 21, 2022