Мануел Нојер со провокација на Инстаграм до фановите на ПСЖ по освоената титула! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мануел Нојер ги доведе играчите на ПСЖ во очај во текот на натпреварот, а по победата додаде сол на раната.

Нојер е повторно стариот. Германскиот голман беше несовладлив во финалето на Лигата на шампионите, имаше неколку врвни одбрани и можеби е најзаслужен за шестата европска титула на Баерн.

Победата на Баерн беше сигнал дека може да започнат со славење и на улиците на Марсеј, затоа што клубот од градот од Азурниот брег е сè уште единствениот француски победник во Лигата на шампионите.

Објавата на Нојер на Инстаграм особено ги воодушеви навивачите на Марсеј, а тој дефинитивно им додаде сол на раните на sвездите на ПСЖ.

Имено, на фотографијата што ја објави на Инстаграм, Нојер го одбра Веледром , домот на Марсеј и најголемиот ривал на ПСЖ, како локација.

View this post on Instagram

??? Triple @fcbayern

A post shared by Manuel Neuer (@manuelneuer) on

Поддржувачите на Марсеј тогаш го окупираа профилот на Нојер и му испратија голем број честитки, но и благодарност за потегот што го направи.