Марадона бил закопан без срце, докторите имале посебно барање!


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Диего Армандо Марадона си замина од овој свет во средата на 60-годишна возраст, по срцев удар во неговиот дом, а од тогаш тагува цела Аргентина и целиот свет.

Марадона бил закопан без срце, а таа информација ја објави аргентинскиот медиум „Кларин“, при што открива дека тоа се случило по барање на докторите.

Докторите кои ја правеле обдукцијата на легендарниот аргентински фудбалер забележале дека неговото срце е поголем од вообичаено, па во договор со семејството, тоа било испратено на дополнителни тестови.

„Срцето на Марадона беше абнормално и поради тоа е испратено на дополнителни истражувања, зашто се покажа како двојно поголемо од нормалното“, пишува аргентинскиот медиум.