Марадона можеле да го спасат!? Една недела пред да почине си ја удри главата, но не бил во болница!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата среда цел свет беше завиен во црно, откако легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона почина од срцев удар во неговиот дом во Аргентина.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата пред речиси еден месец беше на операција поради откриен хематом во главата, а истата помина без проблеми.

Тоа што досега не беше откриено во медиумите е дека Марадона две недели по операцијата во својот дом паднал и ја повредил главата, по што не бил во болница.

„Марадона падна и ја удри главата седум дена пред да почине, но не го однесоа во болница на дополнителни снимки“, потврди адвокатот на Марадона.

Овие нови детали би можеле да значат и спас за легендарниот Аргентинец, кој би можел да остане во болница каде што ќе се следела неговата состојба, но тоа сепак не се случи.