Марадона на оваа жена потроши 1,5 милиони долари: Го заведе Диего, па доби сѐ што посака!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Адвокатот на Диего Армандо Марадона, Матијас Морла повторно излезе во јавност со нови податои, а тие се однесуваат на трошоците на легендарниот фудбалер во последните седум години.

Марадона од 2014 година потрошил 4,5 милиони долари на поранешни жени, девојки и неговите ќерки.

Најмногу пари му потрошила поранешната сопруга Росио Олива, која добивала подароци. Една од неговите жени, Оједа добила 900.000 долари, и тоа преку авионски патувања, подароци, мобилни телефони и други работи.

Првата жена Клаудија исто така добила 900.000 долари, а ќерките Далма и Џанина  потрошиле по 550.000 долари.

Марадона не можел да одбие ниту помош за мајката на Олива, на која за лекување ѝ платил дури 350.000 долари.