Марадона размислувал да си го одземе животот?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона почина во својот дом во Аргентина пред речиси еден месец, а постојано се појавуваат нови детали за неговиот живот.

Докторот Алфредо Кае објави дека Марадона пред 15 години на Куба се обидел да си го одземе животот.

„Имаше оштетување на мозокот, но тоа не беше баш Алцхајмер и затоа не беше забележително. Проблем беше што не ги зимаше потребните лекови. Него му беше потребен мир и тишина за да се опорави, а со него тоа никогаш не беше случај. Се сеќавам дека пред 15 години кога бевме на Куба се обиде да си го одземе животот. Се заби со автомобилот во автобус и само чудо го спаси. Ни зборуваше дека не го видел автобусот и дека тој одеднаш се појавил пред него, но сите знаевме дека тоа не е вистина“, кажа докторот.