Мареска најави моќен Челси: Ќе бидеме агресивни на теренот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси направи одредени промени пред новата сезона, а пред сè ангажира нов тренер Енцо Мареска кој вчера имаше големо интервју.

Мареска му помогна на Лестер сити минатата сезона да се избори за враќање во Премиерлигата, па сега ќе добие уште поголем предизвик.

„Јасно ми е што треба да создадеме во клубот, ни треба вистински менталитет и култура за да ги направиме горди навивачите. Ќе се обидеме да бидеме агресивен тим на теренот. Горд сум што ќе го тренирам Челси“, кажа Мареска.

Мареска е седмиот италијански тренер на кормилото на Челси и ќе се обиде да го повтори успехот на Антонио Конте, Роберто Ди Матео и Карло Анчелоти.