Марио Манџукиќ потпиша за Милан!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан потпиша договор со Марио Манџукиќ до крајот на сезоната, а Хрватот ќе има можност да ја продолжи соработката на уште една година.

Манџукиќ има големо искуство со неговите настапи за европските гиганти, па без сомнеж ќе биде огромно засилување за Милан во борбата за трофејот во Серија А.

Хрватот го избрал дресот со број 9, па во екипата ќе му се приклучи на Златан Ибрахимовиќ и ќе се обиде да му помогне на тимот во борбата за титулата.