„Марка“: Азар ја врати надежта против Кадиз, Васкез разочара!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра 0-0 против Кадиз на домашен терен, иако целосено го надигра противникот, па направи мал чекор назад во трката за титулата.

Реализацијата беше огромен проблем за избраниците на тренерот Карло Анчелоти, кој го посочи истото како проблем.

„Марка“ направи кратка анкета и ги оценуваше фудбалерите на „кралскиот клуб“ за мечот против Кадиз, па изненадување е тоа што Еден Азар доби висока оценка, иако дел од навивачите не се сложуваат.

„Позитивна игра беше забележана од Милитао, Крос, но и Азар кој се покажа како важен член на екипата. Белгиецот ја искористи шансата и имаше неколку добри потези за време на натпреварот, а изгледаше и како опасност за противникот. Васкез му помогна на Реал на десната страна, но не направи ништо важно“, пишува шпанскиот медиум.