„Марка“: Иско до полноќ ќе го напушти Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иско не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан и се шпекулира дека шпанскиот фудбалер ќе го напушти Реал Мадрид до полноќ.

Иско ретко добива шанса кај Зидан, па „кралевите“ му порачаа слободно да си бара нов тим. Играчот за врска планира да го напушти тимот, а „Марка“ пишува дека тоа најверојатно ќе се случи до полноќ.

Шпанецот сака поголема минутажа за да се бори за место во шпанската фудбалска репрезентација, а интерес за плејмејкерот покажа Севиља.