„Марка“: Лапорта му откажал интервју на Куман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Барселона не владее најдобра состојба, па затегнати се односите меѓу тренерот Роналд Куман и претседателот Жоан Лапорта, а „Марка“ открива дека првиот човек на Каталонците му откажал интервју на стратегот за медиумите од Холандија.

Холанѓанецот требало да има интервју за телевизијата „СБС6“, но претседателот на гигантот не дозволил такво нешто. Исто така, Куман бил подготвен да гостува и да добие отказ.

Веќе долго време се шпекулира за отказ на Куман и негов наследник, но Лапорта и покрај тоа кажа дека Холанѓанецот ќе остане тренер на клубот.

Барселона во минатото коло од Ла Лига загуби од Атлетико Мадрид со 0-2, а во моментов е на деветтата позиција во шпанското првенство и Каталонците имаат пет бода помалку од лидерот Реал.