„Марка“: Модриќ ќе го пропушти мечот во кој Анчелоти ќе испише историја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид од 16.15 часот во сабота го пречекува Еспањол и му треба само бод за да ја освои титулата во Ла Лига.

„Кралевите“ на пет кола пред крајот имаат огромни 15 бодови повеќе од најблиските ривали Барселона и Севиља.

„Марка“ пишува дека на мечот против Еспањол нема да настапи Лука Модриќ, кој е еден од најважните фудбалери на тренерот Карло Анчелоти.

Анчелоти на негово место треба да искористи некој друг фудбалер, а во конкуренција се Феде Валверде, Едуардо Камавинга или Дани Себаљос.

Ова е меч во кој Анчелоти би можел да испише историја и да освои титула во секоја од топ-5 лигите во Европа.