„Марка“ објасни зошто Реал Мадрид ќе го задржи Модриќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира да задржи еден од најдобрите фудбалери во Ла Лига, а тоа е хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

Модриќ наскоро треба да потпише договор на уште една година, а популарниот шпански медиум „Марка“ објасни зошто гигантот сака да го задржи Хрватот.

„Реал со години бара наследник на Модриќ, но не може да пронајде фудбалер кој му го дава тоа што го прави Хрватот. Не постои ниту еден сличен. Тренерот Карло Анчелоти го знае неговиот квалитет и затоа не сака да го замени лидерот на екипата. Модриќ е свесен дека е пред крај на кариерата и сака да остане на врвот“, пишува „Марка“.

Сите во клубот сметаат дека Модриќ ќе остане и по завршување на кариерата, односно ќе добие некоја функција во управата на клубот.