„Марка“ објави: Зидан си оди од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синот на Зинедин Зидан, Лука, веројатно ќе си оди од Реал Мадрид по крајот на оваа сезона.

Лука Зидан ќе си оди од клубот кога неговиот договор ќе дојде до самиот крај на крајот на овој месеци.

22 годишниот голман ја помина оваа сезона на позајмица во Расинг Сантандер, но се верува дека тој нема да продолжи во Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во Франција.

Монпелје е тимот кој е заинтересиран за младиот голман и кој веќе влегол во преговори со неговиот агент со цел да го обезбеди потписот на Лука Зидан за кого очигледно нема место во тимот на Реал Мадрид каде тренер е неговиот татко.