„Марка“: Реал Мадрид „фрли око“ на хрватско чудо од дете


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Шпанска „Марка“ пишува дека Реал Мадрид бара нова „деветка“ за иднината, а на листата се четири имиња, меѓу кои се наоѓа и 18-годишниот хрватски напаѓач Роко Шимиќ од Салцбург.

Шпанците пишуваат дека Реал бара голгетер за следните 10 години и во моментов е во потрага по такви засилувања, затоа што Карим Бензема има 34 години и наскоро мора да добие замена.

Шимиќ на во моментов има постигнато 16 голови во првенството и се наоѓа на третата позиција на листата со стрелци во втората австриска лига, а пред него се Табаковиќ со 24 гола и Ронивалдо со 19 гола.

На списокот на Реал се уште неколку имиња, меѓу кои е Бразилецот Ендрик, Јусуф Мукоко и Енрике Араухо.