„Марка“: Реал Мадрид неделава ангажира три засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во понеделник почна општата мобилизација во канцелариите на „Сантијаго Бернабеу“, а „Марка“ пишува дека до крајот на неделата ќе бидат потврдени трансфери на тројца фудбалери.

Реал ја почна сезоната многу рано, зашто по катастрофалната 2018/19, беше најавена реконструкција, па во Мадрид се очекувада пристигнат Еден Азар од Челси, Ферланд Менди од Лион и на крајот Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт.

Трансферот на Азар ќе биде платен 115 милиони евра и уште 15 преку бонуси, а неговиот потпис треба да „падне“ денеска на „Бернабеу“.

Веднаш по него, до крајот на неделата ќе бидат официјализирани трансферите и на Менди и Јовиќ, а се очекуваат и уште неколку звучни имиња до крајот на преодниот рок.