„Марка“: Реал Мадрид сака да купи Босанец како замена за Бензема


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Марка“ ги следи случувањата во Реал Мадрид, па со информациите за следниот потенцијален трансфер ги изненади навивачите.

Медиумот пишува дека „кралевите“ се заинтересирани за услугите на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко.

Легендарниот голгетер по само една сезона во Интер е отпишан затоа што клубот планира целосно да го реконструира составот, односно во екипата ќе пристигнат Пауло Дибала и Ромелу Лукаку.

Џеко изминатата сезона во Интер постигна 17 голови и една асистенции, додека Реал нема соодветна замена за Карим Бензема, па сака евтина опција, а Босанецот делува како идеално решение во моментов.