„Марка“: Зидан донесе конечна одлука за иднината на Бејл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид имаше уште еден очаен натпревар во шпанската Ла Лига, откако синоќа одигра 1-1 на гостувањето кај Леганес, но и покрај тоа, веќе се размислува за летниот трансфер период.

Главна тема на шпанските медиуми утринава им беше Герет Бејл, кој синоќа доби шанса против Леганес, но не направи ништо посебно.

„Марка“ пишува дека тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан имал разговори со Бејл, па му соопштил дека е најдобро да почне да си бара нов клуб, зашто наредната сезона нема да добие голема минутажа во екипата.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез претходно кажа дека ќе ги разгледа понудите за Бејл на лето, а најголеми шанси репрезентативецот на Велс има да се врати во Англија.