Марота: Дибала е добра шанса за Интер, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала го напушти Јувентус и може слободно да си го бира новиот клуб, а шпекулациите за негов ангажман не прекинуваат.

Најмногу се поврзуваше со преселба во Интер, а вчера се јави спортскиот директор на екипата, Џузепе Марота.

Марота кажа дека Дибала е добра шанса за Интер, но сепак нема да биде голема штета ако не го ангажираат бидејќи тренерот Симоне Инзаги има одличен избор во нападот.

„Дибала е еден од големиот број слободни фудбалери. Тоа никогаш претходно не сум го видел и е доказ дека фудбалот се менува. Да се разбереме, Дибала е добра шанса за Интер, но и без него сме добри во нападот“, кажа Марота.