Марота ги стресе Апенините со коментар за ново засилување на Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота доби неколку прашања од новинарите за следните засилувања на екипата, а неговиот коментар ги стресе Апенините.

Интер го освои само италијанскиот Куп оваа година, додека титулата во Серија А ја загубија од Милан, но сепак сакаат во 2022/23 да се вратат на тронот.

Трансферот на Хенрик Михтарјан од Рома е веќе договорен, но новинарите ги интересираше што се случува со Пауло Дибала, кој заминува како слободен играч од Јувентус.

Марота е експерт за добри засилувања, па ненамерно „потврди“ дека се преговара со Аргентинецот. Новинарите го прашаа дали ќе дојде Дибала, а тој им одговор со насмевка и со зборовите „ќе видиме“.