Марота јасно порача: Конте ќе ги добие посакуваните засилувања!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Интер, Антонио Конте пред неколку дена кажа дека на клубот му се потребни нови засилувања, зашто играат премногу натпревари во краток период, а веднаш се огласи и извршниот директор на италијанската екипа, Џузепе Марота, кој порача дека ќе му бидат исполнети желбите на искусниот стратег.

Интер летово се засили со неколку фудбалери, но и покрај тоа управата е свесна дека мора да купи нови засилувања, доколку сака да го симне Јувентус од врвот на Серија А.

„Подготвени сме да му ги исполниме желбите на Конте. Тој ќе ги добие посакуваните засилувања“, порача Марота.

Тоа значи дека „нераѕурите“ ќе бидат активни на трансфер-маркетот и во јануари, па сигурно ќе гледаме возбудлива борба во италијанскиот шампионат.