Марота: Лукаку не игра зашто има 103 килограми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку не е во прв план кај тренерот Симоне Инзаги, иако се покажа како херој во дуелот против Порто (1-0) бидејќи го постигна единствениот гол на натпреварот.

По натпреварот, директорот на Интер, Бепе Марота доби прашање од новинарите зошто Лукаку не е прв избор на тренерот Инзаги.

„Зошто Лукаку е на клупата? Затоа што има 103 килограми и не е подготвен да биде првотимец. За еден фудбалер да биде во првиот состав мора да биде 100 отсто подготвен“, кажа Марота.

Лукаку беше лидер на Интер во сезоната 2020/21 кога екипата го освои скудетото, по што замина во Челси за 115 милиони евра и кариерата му тргна во надолна линија.