Марота најави работно лето за Интер на трансфер-маркетот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорот на Интер, Џузепе Марота кажа дека раководството напорно работи на трансфер-маркетот и сака да ги реализира трансферите до крајот на месецов.

Марота кажа дека има преговори со Пауло Дибала, кој го напушти Јувентус, а засега не негира дека ќе биде продаден некој од важните фудбалери на Интер.

„Работиме со цел да создадеме конкурентен тим за следната сезона. Планот ни е да ги комплетираме трансферите до крајот на јуни затоа што сакаме на тренерот Симоне Инзаги да му овозможиме што е можно подобар состав до почетокот на подготовките“, кажа Марота.