Марота се закани за „случајот Брозовиќ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ беше на праг да се пресели во Ал-Наср, но вчера се случи пресврт и трансферот пропадна.

Ал-Наср прво му понуди 23 милиони евра на Интер за трансферот, меѓутоа екипата од Саудиска Арабија потоа се премислила и ја повлекла понудата, по што понудила само 15 милиони евра.

Ова не е прифатливо за екипата од Милано, а директорот Бепе Марота се закани дека ќе се повлечат од преговорите.

„Ситуацијата со Брозовиќ не е дефинирана. Играчите сами си ја одредуваат судбината. Интер не е принуден да го продаде, лично мислам дека најголем проблем во овој случај е договорот меѓу играчот и новиот тим“, кажа Марота.