„Марсијал не е дете и калибар за Јунајтед – дава еден гол на секои 14 години“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин имаше критики за францускиот напаѓач Ентони Марсијал.

Марсијал имаше караница со тренерот Ерик Тен Хаг на мечот меѓу Њукасл и Манчестер јунајтед (1-0), а Кин по натпреварот го нападна фудбалерот.

„Му простуваме на Марсијал затоа што постигнува гол на секои 14 години. Ќе кажам само една работа. Ако Њукасл нè притисне, тогаш подобро е да ја освоите топката и да му помогнете на тимот. А што направи Марсијал? Евтино ја продаде топката. Јунајтед се обиде да се ослободи од него. Има 27 години, не е дете и не треба да игра за Јунајтед“, кажа Кин.