Мартин Поповски ќе остане во Цирих до 2026 година

Македонскиот ракометен интернационалец Мартин Поповски ќе го продолжи својот престој во Швајцарија, откако доби нов договор поради одличните настапи за екипата.

Поповски потпиша договор со Амичитија Цирих до 2026 година, па така ќе остане во тимот уште најмалку две сезони.

„Среќен сум што ја продолживме соработката. Убеден сум дека ќе продолжиме со добриот развој и во иднина ќе ги нападнеме топ-3 тимовите во Швајцарија“, кажа Поповски.

Македонскиот ракометар оваа сезона постигна 106 голови за тимот од Цирих, а претходно во кариерата играше за Текстилец, Вардар јуниор, Вардар и Пролет.