Мартина Навратилова го победи ракот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од најпознатите тенисерки, Мартина Навратилова кажа дека го победила ракот на грло и на дојка.

Навратилова во интервју со новинарот Пирс Морган ја соопшти добрата вест и ги израдува нејзините фанови.

„Колку што знам, немам повеќе рак. Ова дефинитивно беше најтешкото нешто што требаше да го направам во животот. Кога дознав дека имам рак, бев во паника. Помислив многу работи. Се прашував дали ќе го дочекам следниот Божиќ“, кажа Навратилова.

Навратилова во текот на кариерата освои 18 гренслем-титули во сингл, 31 во двојки и 10 во мешани двојки.