Мартинез: Азар е голема ѕвезда, ќе му донесе многу успеси на Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на белгиската репрезентација, Роберто Мартинез е убеден дека Еден Азар го чекаат подобри денови во Реал Мадрид.

Азар минатото лето за 100 милиони евра пристигна од Челси, но одигра само 20 натпревари затоа што често беше повреден.

„Правам позитивна проценка затоа што фудбалерот треба да се оценува во добри и во лоши времиња. Оваа година беше најтешка во кариерата на Азар затоа што тој никогаш не пропуштил толку многу натпревари. Азар е ѕвезда во Реал и ќе му донесе многу успеси на тимот“, вели Мартинез.

Тоа го чекаат и навивачите на шпанскиот гигант, а Белгиецот сигурно ќе им го докаже следната сезона.