Маскерано: Се чини дека фудбалерите мора да донираат пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Хавиер Маскерано, ја коментираше состојбата предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Прекинувањето на сите фудбалски натпреварувања, како што се очекуваше, создаде проблеми за многу клубови кои се принудени да ги ’намалат’ трошоците, односно платите за сите вработени, за да можат да продолжат да функционираат.

Ова особено важи за фудбалерите, кои се откажуваат во просек од 20 проценти од својата плата, а со оглед на тоа што нивните приходи постојано се коменитраат низ медиумите, тие се присилени да ги донираат од морални причини.

Маскерано зборуваше и за тоа на социјалните мрежи.

„Играчите сега се лесна цел затоа што постојано се зборува. Тие станаа морално должни да реагираат и да донираат пари. Јасно е дека во оваа ситуација сите треба да помогнеме. “, изјави Маскерано во интервју со Хуан Себастијан Верон на Инстаграм, додавајќи:

„Донирав многу и никогаш не сакав да одам на медиуми со тоа. Не е затоа што некој ти кажува, тоа е од срце“, рече тој.

Марскерано, да потсетиме, игра во Аргентина за Естудијантес.