Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Франко Мастантуоно тешко дека ќе добие многу минути во дресот на Реал Мадрид и во тој клуб размислуваат за најдобрите опции кога станува збор за овој момак.
Најреално е позајмица и тоа ќе се случи, според сè изгледа, прашање е само каде.
Се спомнуваше потенцијално враќање во Ривер, но тоа беше отфрлено бидејќи во Мадрид сакаат Мастантуоно да игра во посилна лига, односно да остане во Европа.
Тој имаше и еден состанок со Мурињо каде му беше кажано дека би било најдобро за него да побара средина на една година каде ќе игра редовно и ќе биде еден од носителите на играта.
Каде би можел?
Во Италија постои сериозен интерес од Комо, Фиорентина, Рома, па дури и Милан, а од Англија постои интерес од Фулам.
















