Мацари не даде изјава по дебаклот, директорот на Наполи откри зошто!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи загуби со 0-3 од Интер на домашен терен и ги разочара навивачите, а тренерот Валтер Мацари не сакаше да даде изјава по дебаклот во дербито.

Директор на Наполи, Мауро Мелусо го објасни потегот на тренерот на Наполи, кој беше гневен поради судењето.

„Мацари не сакаше да даде изјава додека е бесен. Решивме да избегнеме коментари на одредени ситуации кои ќе нè стават во проблеми. Не сме задоволни од судењето, сметаме дека Наполи не заслужува ваков третман. Изгледаше како луѓето и судиите во ВАР-собата да имаа слободен ден, но на секого може да му се случи тоа“, кажа Мелусо.