Мацари за заминувањето на Елмас: Ако некој сака да замине – вратата е отворена!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи загуби со 0-4 од Фросиноне во Купот на Италија, а тоа предизвика гнев кај навивачите кои не се задоволни од играта на фудбалерите.

Тренерот Валтер Мацари по дебаклот реши да им се извини на навивачите за очајната игра на актуелниот италијански шампион, а воедно зборуваше и за заминувањето на македонскиот фудбалер Елиф Елмас.

„Ако некој сака да замине од клубот по освоеното Скудето, јас го охрабрувам да го направи тоа – вратата е отворена. Останатото е во рацете на тимот“, кажа Мацари.

Елмас веќе се договорил со Лајпциг за петгодишна соработка, а се очекува да потпише договор на почетокот на 2024 година.