Маунт донесе одлука откако Челси ја одби третата понуда на „ѓаволите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед испрати три понуди за Мејсон Маунт, но Челси ги одби сите затоа што не беше задоволен од условите, а тоа го натера гигантот од „Олд Трафорд“ да се повлече од преговорите.

Англиските медиуми пишуваат дека „сините“ биле блиску до продолжување на соработката со Маунт, но по Светското првенство во Катар сè се променило.

Маунт, сепак, го почитува својот сегашен тим и не планира да прави проблеми, доколку не сака да го продаде на Манчестер јунајтед за пониска цена од таа што ја бара за негов трансфер.

Ова значи дека Маунт најверојатно идното лето ќе си замине од Лондон како бесплатен фудбалер, а засега не е познато каде ќе игра.