Маунт го облече дресот на Манчестер јунајтед (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед го потврди трансферот на Мејсон Маунт, кој доаѓа од Челси за сума од 60 милиони фунти.

Маунт вчера се збогуваше со навивачите на Челси, меѓутоа тие сметаат дека Англичанецот го снимил видеото уште пред неколку недели.

Англискиот репрезентативец се реши за преселба кај „ѓаволите“ поради малата минутажа во Лондон, а со Манчестер јунајтед потпиша договор до 2028 година.