Маунт по четири месеци се врати на тренинзи во Манчестер

Манчестер јунајтед ниту оваа сезона не блесна во Премиерлигата, па до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во топ-4 во лигата.

Англискиот репрезентативец Мејсон Маунт пристигна во Манчестер како големо засилување од Челси, но лошата форма и тешката повреда му ја направија пеколна првата сезона.

Маунт го одигра последниот меч за „црвените ѓаволи“ на средината на ноември, а сега по четири месеци се врати на теренот.