Мбапе имал необично барање до главниот судија по инцидентот во Париз


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Цела фудбалска Европа зборува за романскиот судија Себастијан Колеску, кој наводно го навредил Пјер Вебо на расистичка основа, па фудбалерите на ПСЖ и Башакшехир решија да го напуштат мечот.

По повеќеминутна расправија на теренот екипите се повлекоа од теренот, мечот не продолжи, а остатокот од средбата ќе биде одигран денеска со други судии.

Напаѓачот на ПСЖ, како што тврди романски „Дигиспорт“, имал необично барање за главниот судија додека постоела можност да се продолжи мечот.

Мбапе побарал од главниот судија да му покаже црвен картон на неговиот колега и така да го испрати надвор од теренот, но секако оваа информација не е потврдена од други извори, туку само ја објави романскиот медиум.