Мбапе, Меси и Жиру ќе се борат за „Златната копачка“ на СП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светското првенство (СП) во Катар стигна до полуфиналето, каде што се пласираа Хрватска, Аргентина, Франција и Мароко.

Првото полуфинале се игра меѓу Аргентина и Хрватска на 13 ноември од 20 часот, додека второто е закажано еден ден подоцна во истиот термин кога ќе се соочат Франција и Мароко.

Во моментов се води жестока битка и за „Златната копачка“ на Мундијалот, а на листата со стрелци води Килијан Мбапе со пет голови.

Главна конкуренција на Мбапе се Лионел Меси од Аргентина и Оливие Жиру со по четири гола, додека останати се далеку зад нив.