Мбапе одби продолжување на договорот и така го најави својот трансфер


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Нема дилема дека Килијан Мбапе во некоја од наредните години ќе биде најдобар играч на светот.

И покрај тоа што на крајот од месецот треба да наполни 21 година Мбапе уште сега покажа неверојатен квалитет и така ја најави својата одлична кариера.

Одличниот Французин веќе некое време е голема желба на Реал Мадрид, а Марка објави вест која може да им ја олесни работата на Кралевите.

Имено, ПСЖ за Мбапе има спремно нов договор, но овој офанзивец наводно одбил да седне на преговарачка маса и воопшто не сака да разговара со управата на францускиот клуб.

Клубот од Париз му понуди на Мбапе договор до 2025. година и издвои 25 милиони евра за плата, меѓутоа управата на францускиот клуб засега не успеваат во својата намера.

Одбивањето на оваа понуда значи дека Мбапе го најавува својот трансфер и најверојатно тој сака својата кариера да ја продолжи во странство.

На последните два натпревари против Нант и Монпелје, Томас Тухел го замени, а францускиот репрезентативец тоа го прифати со малку бунење што многумина го протолкуваа како знак дека тој е незадоволен во Париз.