Мбапе одигра очајно на ЕП – испрати 24 удари и не постигна ниту еден гол од игра!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Шпанија славеше со 2-1 против Франција во полуфиналето на Европското првенство (ЕП), а повторно на теренот не се прослави Килијан Мбапе.

Мбапе го заврши турнирот со само еден гол од пенал и една асистенција на пет натпревари, што е малку за францускиот напаѓач.

Статистиката на новиот напаѓач на Реал Мадрид е навистина очајна на ЕП во Германија бидејќи тој испрати 24 удари кон противничкиот гол, а не погоди ниту еднаш од игра.