Мбапе пресече: Јас немам дилема, знам каде ќе играм следната сезона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многумина навивачи на Реал Мадрид, Килијан Мбапе го гледаат како нов фудбалер на нивниот тим, кој по ужасната сезона на Кралевите кој би можел да ги врати во врв.

Фантастичниот Французин оддамна е желба на Флорентино Перез, а тоа ќе остане и во следниот период. Во изјава по победата над Монако, Мбапе посочи дека ќе остане во ПСЖ и дека во Реал може да дојде само како некој кој му се воодуешвува на Реал.

„Останувам во ПСЖ, се приклучив кон тој проект. Среќен сум што Зизу се врати во Рела, но таму можам да дојдам како обожувател“, истакна Мбапе за Канал +.

Пред еден месец, Франс Фудбал објави дека Реал за Мбапе ќе понуди 280 милиони евра, а клучот за трансферот би можел да биде Зинедин Зидан кој сакаше уште летото 2017. година кога офанзивецот експлодира во Монако.

Мбапе на крајот заврши во ПСЖ. Платен е 170 милиони евра, а потпиа договор до 2022. година.

Мбапе во дуелот со Монако стигна до својот 30. погодок во француското првенство со што стана прв играч по Папин кому ова му успеално во една сезона од Лига 1, а самиот тим стана и најмлад играч кому ова му успеално.

Французинот исто така стана единствен играч покрај Лео Меси од петте најмоќни лиги кој оваа сезона постигнал 30 или повеќе погодоци.

Инаку на 20-годиѓниот Мбапе ова му беше петти хет-трик во кариерата.