„Мбапе скапо ќе плати затоа што го остави Реал Мадрид поради ПСЖ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги изненади сите откако реши да остане во ПСЖ и го одби Реал Мадрид, иако долго време се шпекулираше дека ќе си ги остварите детските соништа и ќе потпише за шпанскиот гигант.

Многу фудбалери зборуваа за одлуката на Мбапе, а еден од нив беше и Стив Мекманаман, кој вели дека Мбапе ќе разбере наскоро дека направил грешка и скапо ќе ја плати својата одлука.

„Мбапе ќе плати скапо поради тоа што го избра ПСЖ пред Реал Мадрид. Тој нема да има успех во Лигата на шампиони. Направи грешка што не потпиша за Реал со кој можеше да ја освои ЛШ“, вели Мекманаман.