Мбапе упати критики кон Дешан и предизвика потрес во Франција


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Сите беа изненадени кога во последно време Дидие Дешан не го повикуваше Килијан Мбапе во репрезентацијата на Франција.

Дешан го објави списокот на Франција за натпреварите на Лига на нации на кој не се најде Мбапе, но објасни дека тоа е негова лична одлука, иако Мбапе сакал да игра.

Мбапе реши да го прекине молкот и во разговор со медиумите имаше што да каже за ситуацијата.

„Сакав да играм за Франција во ноември. Селекторот реши да не ме повика. Не можам да ви кажам зошто. Жал ми е. Тој може да ви каже, ако сака. На мене ми е забрането“, изјави Мбапе.