Мбапе за повредата: Слушнав дека нешто пукна…


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Килијан Мбапе го напушти финалето во францускиот Куп против Сент Етјен поради повреда, откако лошо стартуваше врз него противничкиот фудбалер Лоик Перин.

Мбапе на доделување на медалите се појави во патерици, а во разговор со француксиот претседател, кој го слушна еден новинар, откри детали за повредата.

„Се слушна пукање. Меѓутоа, мислам дека немам ништо скршено“, кажал Мбапе.

Тоа секако се доби вести за ПСЖ пред рестартот на Лигата на шампиони и почетокот на новата сезона во француската Лига 1.

Прегледите на младиот француски напаѓач се закажани за вечер, по што ќе биде познато колку ќе паузира.