Меч на годината, но и глума за Оскар: Јунакот на Палмериас падна како да го – застрелале! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера беше одигран еден од најголемите натпревари во јужноамериканскиот клупски фудбал, а тоа е финалето на Копа Либертадорес.

Во финалето се пресметаа Палмериас и Фламенго, а бразилското финале донесе драма, по што победникот беше решен по продолженија.

На крајот Палмериас стана првиот тим кој во последните две децении успеа да ја одбрани титулата во Јужна Америка откако славеше со 2-1.

Јунак на Палмеирас стана Деиверсон, кој подоцна заврши на столбот на срамот на светската спортска јавност откако имаше глума за Оскар.

Бразилскиот фудбалер во последните минути од мечот направи траги-комична симулација, кога судијата го допре, а тој падна како да го застрелале.