Медведев го изненади Алкараз и избори финале против Ѓоковиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данил Медведев славеше против Карлос Алкараз во четири сета, односно 7-6, 6-1, 3-6 и 6-3, па така избори финале против Новак Ѓоковиќ кој беше подобар од Бен Шелтон на Ју-Ес Опен.

Алкараз досега освои две гренслем-титули во кариерата, но за третата ќе мора да почека барем до следната година.

„Вакви натпревари се случуваат, иако се чувствувам позрело. Медведев играше одлично. Не можев да најдам решение. Мислев дека сум подобар, но по овој натпревар се премислив“, кажа Алкараз.