Медведев го прегази Козлов и тргна во одбрана на титулата на Ју-Ес Опен


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Рускиот тенисер Данил Медведев славеше на стартот на Ју-Ес Опен со убедливи 6-2, 6-4 и 6-0 против Стефан Козлов и така тргна во одбрана на титулата.

Лесна задача имаше и поранешниот најдобар тенисер Енди Мареј, кој го победи Франциско Серундоло со 7-5, 6-3 и 6-3.

Во второ коло се пласираа и Томи Пол, Џефри Џон Волф и Алехандро Давидович Фокина.

Оваа година на турнирот во Њујорк нема да го гледамне ланскиот финалист Новак Ѓоковиќ бидејќи не е вакциниран и не можеше да влезе во САД.