Медведев: Го заслужив првото место на АТП-листата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев вчера го скокна Новак Ѓоковиќ на АТП-листата и го презема првото место, додека зад него е Александер Зверев од Германија.

Медведев смета дека го заслужил врвот на АТП-листата и кажа дека е среќен што конечно се вратил на местото на кое што припаѓа.

„Среќен сум што повторно сум на првото место. Верувам дека го заслужив тоа“, кажа Медведев.

Русинот се надева дека во Хале може да стигне до нова титула.

„Можеби ќе биде подобро во Хале. Играм добро на трева и имам голем потенцијал. Чувствувам дека напредувам и сакам да ја освојам титулата“, кажа Русинот.

Медведев пред неколку дена загуби во Холандија од анонимусот Тим Ван Ријтховен во финалето.