Медведев: Не сум пријател со Кирјос!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев тргна со неколку победи на Ју-Ес Опен и си закажа осминафинале по победата против Џибинг Ву од Кина со 6-4, 6-2 и 6-2.

Медведев во осминафиналето ќе се соочи против австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос, кој игра сè подобро во последно време.

„Тоа ќе биде тежок меч и сите сме свесни за тоа. Јас и Ник не сме биле пријатели. Под тоа подразбирам дека не одиме заедно во кафеана, но и никогаш не сме се карале на теренот, а тоа би можело да се промени. Не се знае што ќе се случи во иднина“, кажа Медведев.

Кирјос има подобар резултат против Медведев, па досега славеше на три од четири меча.